• Menu
  • Menu
Where to eat in Rome. List and description with the best restaurants that we visited during our stay in Rome!

Каде да јадете во Рим

Да имате слатка вечера или сладок ручек во Рим е многу лесно, а тоа е затоа што насекаде ќе најдете прекрасни јадења. Сирењата, вината и специјално пицата и шпагетите во Италија се најдобри!

Пред да одите во Италија, јас добив совет од колегите од Италија и пријателите. Како правилото на палецот, не одите во ресторан кој што е атрактивен. Прошетајте малку повеќе, завртете се лево и десно во некоја улица и може да најдете ресторани каде што одат локалците, а малку туристи. Рим не е толку лесен да се постигне бидејќи целиот град е атракција.

Како патувачи и блогери, го земавме нашиот ризик и ќе ви презентираме некои ресторани што дефинитивно треба да ги посетите и некои улици кои што треба да ги избегнете.

Corallo Pizzeria – Forno a Legna

Беше првиот ресторант кој што го посетивме во Рим и бевме уште еден пат во текот на нашето патување. Треба да направите резервација бидејќи сите ресторанти се исполнети до последно место, посебно после 20ч вечерта каде што има долги редици пред вратата. Пицата и Шпагетите се многу добри! Ќе звучи малку глупо но два пати јас порачав иста пица со моцарела, тартуфи, габи. Габите беа моја инспирација!

Кате првиот пат порача Spaghetti Alla Carbonara оригиналните Италијански. Направени со јајце, тврдо сирење, сланина и црн бибер. Вториот пат таа порача Spaghetti all‘ Amatriciana со сланина, тврдо сирење и домати. Двете порции беа слатки и различни од тоа што сме научени. Карактеристиките на готвење во Италија посебно на шпагетите е тоа што секогаш ги прават Al Dente. Тоа значи дека не се многу меки – а според нас тие ги прават добро.

Просечна цена на чинија во Рим е околу 10 €
Ако не ви се пие вино во Медитеранот, ќе бевте?
Официјално мојата омилена пица после Рим!

La Gelateria Frigidarium

Ако сте љубители на сладолед вие ќе го сакате Frigidarium, а ако не вие ќе се заљубите во овој сладолед! Блиско е до Piazza Navona и кружи муабетот за најдобар сладолед во Рим. Некој пак ќе речат и ширум Италија. Не ги пробавме сите, но бевме многу задоволни од тоа што го пробавме.

Можеби не отидовме до Frigitarium Roman baths, но скоро секоја вечер ние одевме после вечера за сладолед (вклучено е во нашата диета) и ги пробавме сите вкусови! Pistachio, Bronte, Crema Fiorentina, Mukkotta and Straciatella се некои од вкусовите кои ги пробавме.

Дефинитивно една од најдобрите сладоледи што некогаш сме пробале!
Грчки патент комбинира функционалност и задоволство
Резимирајте ги вкусовите, разновирајте ги со деновите кога ќе останете = колку ќе пробате дневно!

Risotteria Melotti

Многу ќе речат мене ми е здосадено од пица и сладолед. Нема ли нешто друго? Па, Италијанската кујна е исто така позната по ризотото и бевме доволно среќни дека еден ден избравме рандом ресторант специјализиран за ризото. Не само што беше специјализиран за ризото туку внатре се беше направено од ориз. Од лебот до сапунот во ВЦ.

Бидејки бевме многу гладни отидовме на сигурен избор на мисирка познато како raditional Taste of Isola della Scal, Верона.Перфектно. Најдоброто мисиркино ризото што сме го пробале.

Бидејќи сме љубители на синото сирење се прашуваваме како ќе биде во ризотото. Ние одбравме ризото со црвен корен и горгонзола сирење. Неверојатно! Само не го пропуштајте!

Покрај наведеното, нарачавме и пита со тиква и шпекула на Фондо сирење од Монте Веронезе. Чини 9 €, тоа е навистина мала порција, но нашата чинија плачеше од задоволство!

Не требаше да резервираме маса бидејќи бевме таму околу 6 часот. Ако планирате да одите подоцна, резервирајте, бидејќи како што видовме се полни.

Etablì

Многу убав украсен ресторан, кој се наоѓа во близина на плоштадот Навона, кој беше сместен во зграда од 15 век. Тие имаат убава кујна која служи скоро цел ден од појадок и ручек до вечера коктели во зависност од тоа колку време ќе бидете таму.

Убава музика, одличен избор на вина и сирење. Одбравме да уживаме во чаша вино после долг ден одење и да се релаксираме со музика. Нарачавме најразлично сирење што доаѓаше со упатства од персоналот во однос на редоследот што треба да го следиме!

Оригинална италијанска карбонара
Свежи равиоли
Variety of cheese which came with the instructions saying to consume clockwise

Grammo Bistro

Ако сте во зоната на Колосеумот и сакате да јадете нешто набрзина, вкусно а не туристичко? Што направивме? Само на пет минути од Колосеумот ќе го најдете Grammo Bistro! Точно тоа што ни требаше! Може да направите одличен сендвич, голем да бидете задоволни, на начин на кој што сакате вие со свежи намирници!

Може да го земате со себе или пак да го јадете таму во интересен декориран амбиент. Исто така пробавме и локално лагер пиво но за жал, неможе да го отповикаме името! Но беше доста вкусно! Ако одите и видите известете не со коментар!

What to avoid in Rome?

Избегнете од туристичките ресторани. Мисламе на оние кои се во главните атракции лоцирани во Рим. Ни посетивме некои од нив и може да кажеме дека цените се многу скапи, а квалитетот е под знак прашалник. Во кафетерија која што гледа накај Piazza del Popolo, ние плативме 17 евра за едно еспресо и капучино!

Во Piazza del Risorgimento ни плативме 50 евра за истиот квантитет во горе наведениве ресторани, но квалитетот не беше ни на пола!

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *