• Menu
  • Menu
View of Transylvania mountains

Брашов, Короната на Трансилванија

Brasov in Holywood style
Со многу сценични места во Брашов и околината, може да изгледа како Холивудска сцена!

Ако некој сака да ја открие Трансилванија нема друг начин освен со кола. Тоа е што ние направивме. Доаѓајки од Грција и останувајќи три дена во главнио град на Романија, Букурешт, дојдовме во Брашов да откриеме повеќе за Трансилванија и околината.

Брашов има повеќе од 270 илјади граѓани и се наоѓа 187 километри од Букурешт. Од моментот кога ќе пристигнете на историскиот дел од центарот на градот, ќе ја забележите богатата историја од оваа ареа. Брашов бил високо развиен од германските доселеници кои биле поканети од унгарските кралеви со цел да се распоредат рудниците и култивација на земјата на Трансилванија.

Colorful buildings in Brasov
Обоени згради во Брашов

Во 1235 беше именуван како Корона но откако изминуваа годините беше сменета во името на реката Бирша – што на турски значи река и српскиот суфикс -ов , во Брашов.

1. Истражете го Брашов почнувајќи од Пиата Сфталуи, плоштад на Советот

Piata Sfatului Council Square of Brasov in Romania
Земете за носење кафе или нешто слатко и одморете се повеќето од клупите на центарот

Првата работа која ние ја направивме на секоја дестинација, посебно во овој град, е да ги облечеме нашите најудобни чевли и да прошетаме. Овој пат, почетната точка е Пиата Статули историскиот центар на Брашов со 13-вековна саат кула.

Можете да ги почуствувате вибрациите на модерниот изглед!Модерни продавници кои се во карактерот на стариот град.Можете да уживате во кафе кое ќе го земете со вас или можете да ги посетите кафулињата околу вас кои имаат графички изглед скриени помеѓу тесните улички наоколу вас.

2. Посетете ја Бисерица Неагра, Црна црква

Црната Црква посветена на Санта Марија била изградена во 14 век. Таа е една од многу ретките готски згради во Романија и најважното место на лутеранските места за богослужба во таа област.

Многу плашлива приказна, или мит, е скриена зад зидовите на Црната Црква. Зборува за Германско момче кое што ги иритирало на Бугарските работници додека траела конструкцијата на црквата. Еден од работниците го турнал на момчето од црквата и го скриел неговото тело во црквата.

Catholic Black Church in Brasov

3. Страда Сфори, една од најтесните улици во Европа

Долга е 80 метри, ако може да се каже дека е улица, и размерите и се 111цм – 135цм широчина. Најпрвин беше споменета во 17век во архитектурските документи а првичната цел беше како коридор за пожарникарите!

Photo of a woman in strada sforii narrowest street in europe
Страда Сфории е една од најтесните улици во Европа

4. Посетете го замокот Пелес во Синаја

Woman in the balcony of Peles Castle in Sinaia Romania
Замокот Пелес е палатилен алпски замок кој е во комбинација на неколку европски стилови по перидот на ренесансата.

По патот од Букурешт до Брашов, треба да одберете на вашиот ГПС патот кој поминува од Синаија. Само 45 километри одалечено од Брашов се наоѓа замокот Пелес. Замокот Пелес изграден е од 1873 до 1914 год. Тоа е истата ера кога Романија беше независна од Отоманската империја и крал беше Карол 1 од Романија. Планот на кралот Карол 1 беше да изгради замок што е многу специфичен споредувајќи ги со други замоци од тоа време и затоа тој одби повеќе архитекти пред германецот Јохан Шултз да го презеде проектот во свои раце.

Замокот Пелес е палатилен алпски замок кој комбинира неколку стилови од ренесансата.
Ќе ја почуствувате Италијанската елегантност, Германската естетичност и за сигурно ќе приметите Грчки склуптури од Артемис на балконот. Вкупната цена на замокот Пелес беше приближно 110 милиони евра додека луѓето од различни националности придонесоа за проектот. Германци, Италијанци, Романци, Роми, Грци, Албанци, Германци, Пољаци и некои од нив Чеси.

5. Замокот Бран или на друг начин, замокот на Дракула

poster of how Dracula was killing his enemies
Дракула ги убиваше своите непријатели полека со што им бодеше долги колови низ нивните стомаци. Вознемирувачко

Само 30 километри од Брашов ќе го пронајдете, како реклама, Замокот на Дракула или исто познат како замокот Бран. Иако нема многу докази дека дракула престојувал таму треба да го посетите бидејќи има богата историја на неговата локација. Замокот Бран имал контрола на пролазот помеѓу Трансилванија и Валачиа и многу висока воена важност.

The pass to Transylvania from Bran's castle
Пролазот до Трансилванија од замокот Бран
Window in Bran castle for constant surveillance of the pass to Transylvania
Прозорецот во замокот Бран за надзор за поминувањата до Трансилванија

Денес е една од најдобрите атракции во Романија која ја посетуваат многу туристи од светот. Пејсажот потсетува на средновековните филмови, а ентериерот е како жив музеј. Би било добра идеја да го посетите замокот Бран со туристички водич за да дознаете нешто повеќе.

Bran house guard in Brasov Romania
Малку потсеќа на Црниот замок, но кој замок не потсеќа?

Надвор од замокот Бран, има отворен маркет и скара со вкусни локални колбаси и сирења. Не се колебајте да пробате! Тие беа неверојатни!

Traditional Romania sausages outside Dracula Bran Castle
Традиционални Романски колбаси надвор од замокот Бран
Traditional Romania cheeses outside Bran Castle
Традиционални Романски сирења надвор од замокот Бран

6. Тврдината Раснов

Rasnov Fortress Romania
Кој успеа да помине преку замокот Бран, се справиле со оваа тврдина!

Романија е полна со замоци и еден од нив е Расновската тврдина. Замок кој го штитеше градот Брашов и Трансилванските села, од инвазии кои доаѓат од преминот Бран. Се верува дека во него се крие едно големо богатство и ако ги прашате локалните особено постарите луѓе, ќе ви раскажуваат најразлични приказни.

За да одите на тврдината, кога ќе престигнете во базата, треба да купите билет и ќе одите пешки или со трактор!

7. Вкус Kurtos kalacs

Немојте да си одите од Брашов без да ги пробате благите работи од Куртос . Не може да ви опишеме само може да ви кажеме дека беа многу вкусни!

Kurtoskalacs sweet in Brasov
Kurtoskalacs in Brasov

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *