Ако некој сака да ја открие Трансилванија нема друг начин освен со кола. Тоа е што ние направивме. Доаѓајки од Грција и останувајќи три дена во главнио град на Романија, Букурешт, дојдовме во Брашов да откриеме повеќе за Трансилванија и околината.
Брашов има повеќе од 270 илјади граѓани и се наоѓа 187 километри од Букурешт. Од моментот кога ќе пристигнете на историскиот дел од центарот на градот, ќе ја забележите богатата историја од оваа ареа. Брашов бил високо развиен од германските доселеници кои биле поканети од унгарските кралеви со цел да се распоредат рудниците и култивација на земјата на Трансилванија.
Во 1235 беше именуван како Корона но откако изминуваа годините беше сменета во името на реката Бирша – што на турски значи река и српскиот суфикс -ов , во Брашов.
1. Истражете го Брашов почнувајќи од Пиата Сфталуи, плоштад на Советот
Првата работа која ние ја направивме на секоја дестинација, посебно во овој град, е да ги облечеме нашите најудобни чевли и да прошетаме. Овој пат, почетната точка е Пиата Статули историскиот центар на Брашов со 13-вековна саат кула.
Можете да ги почуствувате вибрациите на модерниот изглед!Модерни продавници кои се во карактерот на стариот град.Можете да уживате во кафе кое ќе го земете со вас или можете да ги посетите кафулињата околу вас кои имаат графички изглед скриени помеѓу тесните улички наоколу вас.
2. Посетете ја Бисерица Неагра, Црна црква
Црната Црква посветена на Санта Марија била изградена во 14 век. Таа е една од многу ретките готски згради во Романија и најважното место на лутеранските места за богослужба во таа област.
Многу плашлива приказна, или мит, е скриена зад зидовите на Црната Црква. Зборува за Германско момче кое што ги иритирало на Бугарските работници додека траела конструкцијата на црквата. Еден од работниците го турнал на момчето од црквата и го скриел неговото тело во црквата.
3. Страда Сфори, една од најтесните улици во Европа
Долга е 80 метри, ако може да се каже дека е улица, и размерите и се 111цм – 135цм широчина. Најпрвин беше споменета во 17век во архитектурските документи а првичната цел беше како коридор за пожарникарите!
4. Посетете го замокот Пелес во Синаја
По патот од Букурешт до Брашов, треба да одберете на вашиот ГПС патот кој поминува од Синаија. Само 45 километри одалечено од Брашов се наоѓа замокот Пелес. Замокот Пелес изграден е од 1873 до 1914 год. Тоа е истата ера кога Романија беше независна од Отоманската империја и крал беше Карол 1 од Романија. Планот на кралот Карол 1 беше да изгради замок што е многу специфичен споредувајќи ги со други замоци од тоа време и затоа тој одби повеќе архитекти пред германецот Јохан Шултз да го презеде проектот во свои раце.
Замокот Пелес е палатилен алпски замок кој комбинира неколку стилови од ренесансата.
Ќе ја почуствувате Италијанската елегантност, Германската естетичност и за сигурно ќе приметите Грчки склуптури од Артемис на балконот. Вкупната цена на замокот Пелес беше приближно 110 милиони евра додека луѓето од различни националности придонесоа за проектот. Германци, Италијанци, Романци, Роми, Грци, Албанци, Германци, Пољаци и некои од нив Чеси.
5. Замокот Бран или на друг начин, замокот на Дракула
Само 30 километри од Брашов ќе го пронајдете, како реклама, Замокот на Дракула или исто познат како замокот Бран. Иако нема многу докази дека дракула престојувал таму треба да го посетите бидејќи има богата историја на неговата локација. Замокот Бран имал контрола на пролазот помеѓу Трансилванија и Валачиа и многу висока воена важност.
Денес е една од најдобрите атракции во Романија која ја посетуваат многу туристи од светот. Пејсажот потсетува на средновековните филмови, а ентериерот е како жив музеј. Би било добра идеја да го посетите замокот Бран со туристички водич за да дознаете нешто повеќе.
Надвор од замокот Бран, има отворен маркет и скара со вкусни локални колбаси и сирења. Не се колебајте да пробате! Тие беа неверојатни!
6. Тврдината Раснов
Романија е полна со замоци и еден од нив е Расновската тврдина. Замок кој го штитеше градот Брашов и Трансилванските села, од инвазии кои доаѓат од преминот Бран. Се верува дека во него се крие едно големо богатство и ако ги прашате локалните особено постарите луѓе, ќе ви раскажуваат најразлични приказни.
За да одите на тврдината, кога ќе престигнете во базата, треба да купите билет и ќе одите пешки или со трактор!
7. Вкус Kurtos kalacs
Немојте да си одите од Брашов без да ги пробате благите работи од Куртос . Не може да ви опишеме само може да ви кажеме дека беа многу вкусни!
Leave a reply